Група на научници од Институтот за Технологија во Масечусетс направија авион кој лета без млазен мотор, односно на кој што не му е потребно гориво за да се движи во воздухот.

Групата изјави дека електричниот аеродинамично-напојуван авион користи систем на пропулсија зада лета и тоа го прави потивок и механички поедноставен.

Уште една битна карактеристика на овој авион е дека не ја загадува животната средина, односно не исфрла емисии од гориво. Еден од научниците од тимот, Стивен Берет, изјави дека науката е се поблиску да направи авиони, односно возила, кој ќе летаат како оние кој ги гледаме во “Star Wars”.