Една жена од Мичиген, САД, се најде во опасност трајно да го оштети својот вид, бидејќи помеша лепак за нокти со капки за очи.

Опасностите од користење лепак за било што друго, освен за намената, станаа јасни со дебаклот „Горила лепак“ на почетокот на оваа година, но Јацедра Вилијамс тоа го доживеа од прва рака по инцидентот што се случи во Мичиген на 15 Април.

Откако заспала со своите леќи, Вилијамс се разбудила околу 1.00 часот и отишла да ги побара капките за очи. Бидејќи сè уште била поспана, Вилијамс не сфатила дека во нејзината торба има шише лепак за нокти со многу слична форма и големина со капките за очи.

Вилијамс, за жал, не сфатила дека во раката држи лепак за нокти се додека не било предоцна.

Нејзиниот сопруг Дерик се јавил во брза помош, додека Вилијамс прскала вода во окото за да се обиде да го отстрани лепилото – потег за кој лекарите ја пофалија.

Вилијамс била итно пренесена во болница каде лекарите успеале да и го отворат окото и да ја отстранат контактната леќа, иако притоа ги изгубила трепките.

Вилијамс изјави: „Тие рекоа дека леќите ми го спасија видот. Тие постојано велеа дека веројатно ќе ги изгубам трепките затоа што мораа некако да ми го отворат окото“.

Учејќи од својата грешка, Вилијамс изјави дека ќе се погрижи да не ги чува капките за очи и лепилото за нокти едни покрај други.