Денес кога ќе се потсетам на таа случка го преколнувам Бог да ме земе и да ме однесе кај мојот мил Иван, во рајот.

Иване ми фалиш премногу, жалам за секоја секунда помината во викање и расправање со тебе, а да не зборам за сите мои неверства направени кон тебе… Со Иван бевме во врска четири години. На почетокот на врската ми беше интересно, ново. Шетавме, се забавувавме. Иван ми ги исполнуваше сите желби. Уште пред да посакам нешто, тој веќе тоа го купил.Не знам зошто, но место да чувствувам среќа, чувствувам заробеништво и угушување од негова страна. Постојано ми се јавуваше, постојано сакаше да бидеме заедно. Јас си сакав време за себе, но тој тоа не го разбираше.

После одреден период почнав да кажувам дека овој начин на негово однесување кон мене страшно ми пречи и ме иритира и на некој начин ме гуши. Пак не знаеше да ме разбере. Почнав да викам многу, да се расправам, да фрлам све околу мене едноставно излегував од контрола. Се осеќав како заробеник кој не може да направи нешто само за себе.Една вечер толку многу се искаравме што јас инстинктивно излетав од неговиот стан и почнав да трчам накај дома.

Тој ме следеше и викаше по мене, но јас не застанував. Трчав со цела моја сила и енергија и не се вртев назад се до моментот кога слушнав силен удар и очаен крик на болка. Застанав и се свртев. Тоа беше мојот Иван. Лежеше на улицата целиот облеан во крв а главата му беше смачкана од возилото кое го прегазило. Не можев да поверувам на она што го гледам. Сум се онесвестила. Се разбудив во болница.

Мајка ми и докторите ми кажаа дека сум доживеала нервен слом и дека сум била во кома една недела.
Сепак сум жива – си помислив. Помина долго време, а јас останав жива, но Иван го нема, тој животот го даде за мене, а јас го варав, го понижував, го вреѓав.

Очигледно не сум го сакала колку што требало. Сега го молам Господ и мене да ме земе и да ме однесе во рајот кај Иван. Не можам никако да продолжам нормално да живеам после оваа случка.