Луѓето се подготвени да направат најголеми жртви кога животот на член на семејството е во опасност. Далтон Игли открил проблеми со крвниот притисок пред четири години. Тој бил вработен во компанија за собирање ѓубре. На лекарски преглед, било утврдено дека боледува од дисфункција на бубрезите, а болеста била во напредна фаза.

На братот близнак случајно му биле откриени проблеми со бубрезите Денес Далтон има 29 години и се чувствува одлично. Сепак, тој тешко дека ќе се излекувал, ако не бил неговиот брат. За време на критичниот период од неговиот живот, тој добил воспаление на бубрезите, што предизвикало органот да престане да функционира.

-Бев пренесен во болница, бидејќи лекарите се сомневаа во проблеми со мозокот. Дознав дека имам проблеми со бубрезите. Бев во страв, затоа што дотогаш се чувствував прилично добро. Не верував дека мојот живот е во опасност, имав само 26 години, се сеќава Далтон.
Лекарите му рекле дека мора да оди на трансплантација

Бубрезите на Далтон престанале да работат во април 2017 година и тогаш тој по прв пат отишол на дијализа. Состојбата се влошила во јануари 2018 година, кога добил пне**онија. Ја напуштил тешката физичка работа, а лекарите му рекле дека мора да оди на трансплантација.

Потоа, се појавил неговиот брат Џејмс. Тој не се двоумел да му помогне и веднаш му понуди на својот брат близнак бубрег за трансплантација. Братот морал да ослабне околу 30. килограми за да биде подготвен за операција „Не го замолив Џејмс да ми донира орган. Само сакаше да помогне“, вели Далтон.

Не било сè совршено. Џејмс бил со прекумерна тежина а главниот услов за трансплантацијата бил губење на тежината. Требало да изгуби околу 30 килограми за да биде подготвен за операција.

Животот ми се смени од корен. Сакав да му помогнам на мојот болен брат, затоа доживеав целосна трансформација, вели младиот човек од Оклахома. Трансплантацијата била успешно направена

Здравите навики станале негова дневна рутина. Тој спиел подолго, се грижел за својата исхрана и почнал редовно да вежба. Трансплантацијата билае успешно направена, а на Далтон не му требал никаков лек за да се спречи отфрлање на органот по оп*рацијата. Тој сè уште не се вратил на работа, но се надева дека наскоро и тоа ќе се случи.

Џејмс не се сомневал во успехот на операцијата. Тоа беше можност да направам нешто добро за мој близок, личноста со која пораснав. Јас го направив она што би го сторел секој на мое место и нема ништо подобро од тоа да знам дека го продолжив животот на мојот брат, вели Џејмс.