Постои техника која ја смислиле американските пилоти за да не носат погрешни одлуки поради несоница со можни последици.

Откако американската војска заклучила дека пилотите на ловците носат лоши одлуки кога не спијат добро, го ангажирале поморскиот полковник Буда Винтер за да развие и тестира научно дизајниран метод за „учење“ на спиење, пишува Intro Magazine.

Винтер беше успешен спортски тренер на колеџите и соработуваше со професор по психологија за да смисли техники кои им помагаа на спортистите да се релаксираат.

Дури 96% од нив заспале во рок од 120 секунди по само 6 недели вежбање, без оглед на консумирањето кафе пред спиење. Интересно е што некои пилоти успеале да заспијат во седечка положба.

Седнете удобно:Ако сте во кревет, ова ќе ви биде лесно. Но, ако сте надвор, сместете се во најудобната положба. На пример, ако сте во автомобил, спуштете го седиштето, а ако сте во канцеларија, седнете на најудобното столче.

Опуштете го лицето:Клучниот дел од овој трик е да го опуштите лицето. Нашето лице има 43 мускули и преку нив телото „разбира“ дали сме под стрес.

Кога целосно ќе го опуштиме лицето, му испраќаме физиолошки знак на телото дека се е во ред и дека можеме да спиеме.

Затворете ги очите и опуштете го целото лице – челото, јазикот, образите и вилицата. Тогаш ќе забележите како вашето дишење природно се забавува. После тоа, опуштете ги очите кои имаат шест мускули.

Ослободете ја напнатоста почнувајќи од рамената

Стегнете ги рамената и опуштете ги најдобро што можете, како да ви паѓаат кон стапалата. Опуштете ги мускулите на задниот дел на вратот.

Длабоко вдишете и полека издишете, па ќе го исфрлите насобраната тензија. Повеќето луѓе ја задржуваат тензијата во рамената, вратот и вилицата. Потоа, преминете на рацете.

Почувствувајте дека станува потешко и опуштете се, почнувајќи од вашата доминантна страна (десно ако сте деснак и лево ако сте левак)

Започнете со бицепс и почувствувајте како се релаксира. Ако не се опушти, затегнете го што е можно повеќе и опуштете се. Конечно опуштете ги нозете.

Почувствувајте го вашиот десен квадрицепс како се релаксира и станува потежок. Потоа преминете на потколеницата, коленото и стапалото, а постапката повторете ја со другата нога.