Познато е дека животните изразуваат некакво чувство, особено говедата, а ова видео го докажува тоа.

Повеќето животни на фармата немаат добар живот бидејќи секое нивно дејство е ограничено и насочено кон целта што ја одредува човекот.

Ова видео прикажува група волонтери кои отишле во штала да го ослободат бикот по име Бандит. Само што го извадиле од шталата, тој почнал да трча и да ужива во моментот.

Но, набрзо го ставиле во камион, не за повторно да го задржат, туку да го однесат на подобро место за живеење. Волонтерите го однеле во посебна штала, која е наменета за слободно движење на животните.

Само што излезе, бикот повторно радосно почна да трча како да сака да каже „благодарам што ме извадивте од таму!“.