Мелиса Де Ла Мар и Џим Гибсон од американскиот град Портланд се венчаа во 1991 година. Отидоа на скијање во Орегон, и таму Мелис го загуби венчалниот прстен.

Бурмата имаше посебна вредност, бидејќи и припаѓаше на мајката на сопругот, пред Мелиса да ја добие како подарок. Деновиве Мелиса доби повик, а жената на линијата ја праша дали ја изгубила бурмата.

Да, пред околу триесет години, рече Мелиса.

Се испостави дека нејзиниот венчален прстен бил пронајден дури 2.500 милји (околу 4.000 километри) во американската држава Алабама.

Жената што дошла до нејзиниот прстен е Хедер Ленгли, сопственичка на златарницата. Хедер раскажала дека еден ден еден човек дошол во нејзиниот бар и рекол дека нашол венчален прстен 27 години порано, додека работел на скијачката патека. Го чувал цело тоа време.