Кога сопственичката на машкиот и женскиот златен ретривер дознала дека ќе имаат кученца, била пресреќна. Поминаа недели и женката стануваше се поголема и поголема. Сите беа возбудени, особено идниот татко.

Кога дојде денот, женката роди не три или четири, туку седум кученца! Сопственикот снимил се и го објавил на интернет, а снимката станала хит.

Секое кученце добило своја јака со различна боја, а набрзо почнале да истражуваат и тие. За толку мали кучиња, тоа е многу заморно, па одвреме-навреме заспиваат, а се е набљудувано од родителите.

На снимката потоа се гледа како целото семејство на кучиња лежи и одмара, додека седум кученца задоволно цицаат.

Видеото е прегледано околу 12 милиони пати, собрано околу 185.000 лајкови и 8.500 коментари.