Нивниот син решил да најде начин како повторно да ги спои родителите. Ниту пандемијата, ниту мерките за дистанцирање не го спречија 88-годишниот Ник Автгес да ја посети својата сопруга Марион, која престојува во старечки дом.

Кога Домот ги забрани посетите поради коронавирус, Ник тешко се справи со разделбата од неговата 61-годишна сопруга, која вообичаено ја посетуваше секој ден.

Нивниот син Крис решил да најде начин како повторно да ги спои родителите. Тој на Фејсбук објави дека бара некој што поседува камион со кран и објасни зошто му треба.

Набрзо добил неколку одговори и на крајот нашол партнер во Питер Цанос, пријател од средно училиште кој рекол дека може да му помогне. Крис добил одобрение од старечкиот дом, го сместил својот татко во кран и бил подигнат на трет кат, веднаш до прозорецот од собата каде што живее Мерион.

Морав само да ја видам“. „Не сум ја видел една недела. Ако треба да ме кренат 10 ката, нема да ми пречи. Само требаше да ја видам“, изјави Ник за Бостон Глоуб.

“Тоа беше неверојатно. Толку прекрасно и емотивно, на толку многу различни начини “, рече нивниот син Крис.

Двојката разговарала околу 20 минути, а пред да слезе, Ник ставил натпис на прозорецот на кој пишувало „Те сакам, мила“, што го подготвил пред да се впушти во оваа авантура.