Сите работи беа против малата Ели кога нејзиното стадо слонови ја отфрли. Фала му на Бога, таа наиде на сиропиталиштето Thula Thula Rhino во Јужна Африка каде ја најде својата нова најдобра пријателка.

Кога дошла во сиропиталиштето, Ели имала неколку сериозни здравствени проблеми, вклучително и големо воспаление каде што и била порано папочната врвца, а исто така била многу неухранета.

Иако имаше мали шанси за преживување, таа успеа да се извлече и стана посилна и физички и психички. Сепак, нејзиното закрепнување нагло запре кога сфати дека не добива доволно моменти за дружење со други суштества.

Расположението и се влошило, па работниците решиле да ја запознаат со Дума, германски овчар кој исто така живеел во сиропиталиште.

Она што следеше беше нераскинливо пријателство, а Ели продолжи да закрепнува.