Лајла се бореше со автоимуна болест која можеше да ја убие, но денес таа е на пат кон здравје. Овој настан е од 2019 година но сеуште кружи по социјалните мрежи.

Лекарите трансплантирале коскена срцевина на ова 11-годишно девојче, што го донирал грижлив човек.

Лајла го запозна својот донатор Кентон, млад студент по медицина, кој имаше солзи кога ја виде. „Многу ми значиш и те сакам, многу сум среќен што си добро. Тоа е се што сакав “, рече Кентон.

Се чувствувам како Лајла да е мојата најблиска пријателка и се знаеме само 30 минути. Не ми е важно дали ќе одиме во кино или Дизниленд, само за да поминуваме време заедно “, рече тој по состанокот.