Рускиот претседател Владимир Путин околу вратот секогаш носи крст, но не затоа што е многу религиозен. Во едно интервју со Лери Кинг открил што му претставува крстот и како го добил.

„Не сакам баш да зборувам за верата. Мислам дека таквите работи се свети за секој човек. Нема потреба да ја покажуваме нашата вера, тоа е нешто што се носи во срцето. Што се однесува до крстот порано воопшто не го носев.

Кога во една пригода бев во Израел ми го даде мојата мајка за да го благословам на гробот на Христ. Тоа и’ го направив и оттогаш не се одвојувам од него“, рекол Путин.
Додал и дека има интересна анегдота која се врзува за тој крст.

„Бев во сауна во едно место недалеку од Сант петербург. Нешто тргна наопаку и изби пожар и гол излетав надвор. Пред влегувањето во сауна го извадив крстот и бев сигурен дека изгорел во тој голем огин.

Бидејќи го добив од посебна личност, мојата мајка, се надевав дека ќе пронајдам барем остатоци. Бев шокиран кога еден работник ми го врати неоштетен. Цела куќа изгоре, а ова беше обичен алуминиумски крст и беше недопрен. Оттогаш никогаш не го симнувам од себе“, раскажал Владимнир Путин.

На прашањето на Лери Кинг дали верува во господ Путин одговорил:
„Верувам во човечки суштества. Верувам во добри намери. Верувам во фактот дека секој од нас дошол на овој свет за да направи нешто добро. Ако тоа сите го правиме верувам дека не чека успех“.