(ВИДЕО)Ја напуштил ден после венчавката – девојка преку видео ја објави својата животна приказна

Познатата платформа „Тик Ток“, на која освен што може да се погледнат навистина креативни и интересни видеа, на некој начин служи и за објавување на настаните кои им го одбележале животот на корисниците.




На пример, една девојка, попозната како Џилијан, ја споделила својата страна од приказната за тоа како и пропаднал бракот.




Ова видео преку ноќ станало вирално, а до сега има 14.4 милиони прегледи. Во видеото девојката тврди дека венчавката од соништата и била уништена од свекрвата, која наводно го натерала синот да ја остави само ден после најсреќниот настан.Таа тврди дека со нејзиниот партнер имале прекрасна венчавка на плажа во Мексико, но работите брзо се промениле откако свекрвата одржала интервенција и побарала од нејзиниот син да избере меѓу својата жена и мајка.




Го извади прстенот и ме напушти ден после венчавката“, посочува Џилијан која додава дека свекрвата била љубоморна на количината внимание кое нејзиниот син го посветува на жената.




По венчавката отпатувала од Мексико во родната Канада, која била во блокада поради коронавирусот. Таа вели дека не можела повеќе да живее во станот кој го делела со поранешниот, а неговото семејство забранило и да се гледаат.




Откако карантинот завршил, таа повторно пробала да разговара со партнерот за разводот, но и кажале дека тоа не е возможно уште три години, бидејќи тој се сели.
@jillian_dianatrue story. ##fyp ##foryoupage ##putyourfingerdown ##HurtMyFeelings ##SongOfTheSummer♬ original sound – Jillian