Виц на денот: Погреб

Трпана имала љубовник во друг град. Не знаела како да се извлече од дома за да се види со него, па љубовникот и рекол да излаже дека ќе оди на погреб на некој роднина.

Така и направила, но маж и и рекол и свекрвата да оди со неа. Му се јавува таа на љубовникот и му кажува дека и свекрвата ќе дојде со неа и го прашува што да прави.

Доведи ја и неа. Ќе и најдеме некој. И таа ќе биде задоволна – и вели љубовникот. После „погребот“ одејќи си дома, снаата ја прашува свекрвата:

Мамо, што ќе кажеме кога ќе стигнеме дома? Ти снао кажи што сакаш, а јас како што е ред, после 40 дена морам пак да одам.

Leave a Reply

Your email address will not be published.