Во ова видео, возач во Конектикат забележал постара жена како се обидува сама да ја помине улицата. Со едната рака туркаше нешто, а во другата имаше стап со кој одеше. Улиците беа полни со снег и тоа беше многу опасно за неа бидејќи можеше да се лизне и да падне. За среќа, овај возач не размислуваше два пати, туку го запрел возилото и излегол да и помогне.

Полека и помогна да ја помине улицата. Ова едноминутно видео е добар потсетник дека има повеќе добри луѓе во светот. Секојдневно гледаме толку многу лоши работи што забораваме на овие добрите. Треба да знаете дека треба да има повеќе вакви луѓе на светот, бидејќи вашето мало, некому многу му значи.

Погледнете го и споделете го видеото со вашите пријатели: