Мажот вечерал со девојките во скап ресторан а потоа ги поканил во својот стан на пијалок…Кога 84 –годишниот Њујорчанин договорил средба со две 17- годишни сестри близначки, до кои дошол преку страница за парови, веројатно не се надевал дека така ќе заврши состанокот. Пол Андерсон минатиот месец се запознал со 17-годишната Шаина Фостер преку страницата SeekingArrangement.com која важи за страница на која ‘убави и успешни луѓе’ склопуваат обострано корисни односи.

По првата средба Шаина на следниот состанок ја повела и својата сестра близначка па сите тројца вечерале во луксузен ресторан, а потоа Аронсон ги поканил девојките во својот стан на пијалок,наведено е во судските документи, пренесува The Huffington Post. И тогаш се тргнало на лошо. „Бараше работи кои не сакав да ги направам. Грд е, стар и одвратен. Го врзав, му ги зедов парите и си заминав. Почнав да се ежам од него“, раскажала 17- годишната Шаина. Сестрите му одземале 420 долари на мажот и кредитни картички а потоа заминале на шопинг. Потоа сестрите се изненадиле кога 84- годишниот Аронсон ги пријавил во полиција.

„Старецот ме пријавил мене? Не разбирам зошто“, рекла Шаина, додека адвокатот на нејзината сестра Шалаин наведува дека неговата клиентка не учествувала во казненаото дело за кое се обвинува Шаина.
И двете сестри се обвинуваат за киднапирање, провала, разбојништво и напад и задржани се во полиција. Против 84- годишниот маж нема да биде поднесена пријава бидејќи според тамошниот закон девојките имаат доволна возраст за согласност за сексуални односи.

Кога 84 –годишниот Њујорчанин договорил средба со две 17- годишни сестри близначки, до кои дошол преку страница за парови,