Понекогаш, шансите за успех се правопропорционални со шансите за успех на вашите родители, барем кога станува збор за живот на Балканот.

Во продолжение можете да прочитате исповед и прекрасна порака на една девојка која сака да ја пренесе на сите деца, професори и просветни работници.
“Во Гимназија мојата класна професорка ги буткаше децата чиј родители беа ‘некој и нешто’. Таа дури им ги поправаше оценките од другите предмети и го сметаше нивниот просек за да бидат одлични, за потоа да може да побара услуга.Мојата мајка беше самохрана, невработена, а мојот брат беше проблематичен. Да не ја спомнувам општата лоша семејна ситуација. Морав да работам додека учев средно образование. Така да, имав двојка од нејзиниот предмет и намалено поведение, кое се сметаше во просекот.

Таа не сакаше да имам многу добар успех и постојано ми ги намалуваше оценките. Секогаш би фалеше една или две оценки за многу добра, само за да ме одвои од останатите деца. Минатата година завршив медицински факултет во Германија и работам како сестра во дијагностика. Успеав, сама, на странски јазик, кој самата го научив, без часови, да завршам факултет и да имам можност за понатамошно школуваше и уште поголем успех. Секоја прилика ќе ја користам за понатамошно школување и напредување.Меѓутоа, имам една молба до сите професори и просветни работници кои го читаат ова.

Ве молам гледајте ги сите деца еднакво, без разлика кои се нивните родители, не им ја рушете самодовербата во тие нежни години, тоа остава последици за целиот живот.