Јапонскиот хотел “Бизнис Рјокан асахи“ во градот Фукуока има тарифа за ноќевање од 130 јени (1 евро), но под еден услов. Условот за сето тоа да се исполни е престојувањето во собата да биде емитувано онлајн.

Во замена со уживањето за ниската цена, гостите мора да се согласат нивниот престој да биде емитуван на социјаните мрежи, пред сè на каналот на Јутјуб од самиот хотел.

За да се пријавите не мора да бидете познат јутјубер, инфлуенсер, јавна личност, ниту пак морате да правите некакви перформанси или пак нешто кое ќе биде привлечно за гледачите додека престојувате во собата.

Вие всушност треба да ја споделите вашата приватност за евтина хотелска соба. Таа не е луксузна, уредена е во традиционален јапонски стил со многу малку мебел. Камерата во собата снима непосредно, нема мртви агли, тоалетот и туш кабината се наоѓаат на спратот под собата, а гостите не смеат да пробуваат да направат егзибиционистички работи. Во спротиво, хотелот го задржува правото да го раскине договорот.

Дозволено е да се исклучи светлото во текот на спиењето. Емитувањето се врши без звук затоа што управата сака да го сочува почитувањето на авторските права. Клучното прашање е зошто “Асахи“ нуди толку чуден пакет. Раководството вели дека има најмалку осум резервирани соби во хотелот и мислеле дека ова би бил добар начин да ги убедат луѓето да останат што подолго таму.