Очајна Чехинка се обидела да спречи венчавка на своето поранешно момче откако се јавила во општината и кажала дека во зградата има подметнато бомба. Во полициска изјава навела дека сакала да спречи венчавка бидејќи младоженецот бил нејзино момче пред четири години.

Љубоморната Чешинка (25) е обвинета за ширење лажна тревога и предизвикуавње паника и се соочува со 5-годишна казна затвор.

На 25 јуни таа двапати од мобилен телефон ја повикала општината Хостине да каже дека во салата кај матичарот е подметната бомба.

Венчавката на нејзиниот поранешен „дечко“ била веднаш прекината, полицијата итно ја евакуирала салата, но не бил пронајден експлозив. Очајниот потег бил залуден бидејќи нејзиниот поранешен партнер се венчал следниот ден на друго место.