На паркинг во близина на германскиот град Нирнберг, човек пронашол две многу вредни маслени слики на платно, стари 350 години, фрлени во контејнери …. Сликите се пронајдени на станицата за одмор на автопатот А7 на југот на земјата, објави германската полиција.

Човекот ги зел со себе сликите и ги однел во полиција во Келн. Првичните проценки на експертите покажуваат дека двете слики може да бидат оригинални, рекоа истражителите.

Една од сликите би можела да биде „Портрет на момче“ од Самуел ван Хогстратен, холандски сликар од 17 век, кој бил ученик на Рембрант, пренесува порталот Index.hr. Вториот најверојатно е „Автопортрет на уметник“ од италијанскиот сликар Пјетро Белоти од истиот век.

Властите сега се обидуваат да утврдат како двата дела завршиле во ѓубре. Полицијата ги објави сликите на интернет, прашувајќи: „Кој ги препознава овие слики и знае како завршиле во ѓубрето на паркингот?