Едно време, многумина го имаа неговиот постер во своите соби, тој беше најпопуларен во светот Кога имал една година, татко му го напуштил семејството. Од петгодишна возраст живеел со мајка си на приколки и постојано се селеле од град во град. За време на студиите, во четврта година, бил жестоко претепан и 12 лекари се избориле за неговиот живот.

После тоа, тој бил избркан од училиште, а мајка му го терала на секаква работа за да преживее. Но, никој не му обрнал внимание и не можел да се вработи. Немал пари за живот, облеката му ја давале пријателите. Кога имал 19 години, неговиот најдобар пријател, а воедно и вујко, се самоубил со пушка, па тоа го погодило уште посилно.

На 20 години почнал да учи за рап музиката, а на 24 години го издава својот прв албум, кој бил неуспешен. На 26 години мајка му го избркала од дома, паднал во тешка депресија, се лекувал и се борел за живот.

Истата година објави албум кој го забележа познатиот рапер д-р Дре, а потоа стана популарен во целиот свет, најпродаваниот рап изведувач и издаде многу албуми. Ова момче е Еминем.