Девојче кое е родено без раце неодамна доби подарок од родителите што ќе и го промени животот на подобро.

Малата Ајви од Канада има две години и сака да слика, а со стапалата држи боички.

Ајви е сè уште многу мала за да разбере зошто е родена поинаква од другите деца кои ги имаат двете раце, а таа ги нема. Но, ќе дојде време кога родителите ќе бидат прашани за тоа.

Така, нејзината мајка решила да и подари домашно милениче, но не било кое. Таа доби кученце кое нема шепа, а целта е да покаже дека „инаку може да биде убаво“.

Мајката Ванеса вели дека сакала да и каже на својата ќерка: „Така си родена, но и така може да биде убаво. Ова кученце е родено на сличен начин и тоа е прекрасна работа, мислам дека ќе имаат магична врска“, изјави таа.