Дедо ми има 85 години и е во брак со баба ми 60 години

Мојот дедо има 85 години и е во брак со баба ми 60 години, сепак му слабее меморијата и тој почнува да губи одредена контрола над неговите мисли.

Денес тој ме замоли да го однесам во Валмарт (маркет) затоа што сакаше да излезе од дома некое време и да прошета. Благодарен сум што ме праша затоа што сигурно не требаше да вози сам. Мислев дека е корисно за баба ми да остане дома сама некое време, да се одмори и да не се грижи за дедо барем неколку часа.

Го гледав како шета во Волмарт со стап во раката. Немав идеја со што се занимава, само помислив дека сака малку да ја промени средината.

Но, кога видов што стави во торбата… тоа беа некои од омилените работи на баба ми, едно шише со нејзиниот омилен сок, тој ги бираше нејзините омилени работи, дури и стави малку пита со лимон … и тогаш очите ми се насолзија кога го видов како бара свежо цвеќе и зема букет со најмногу виолетови цвеќиња во него. На пат кон дома, тој инсистираше да застанеме и да и купиме на баба сендвич за ручек.

Сите треба да научиме од неговиот пример дека сè што правиме секогаш треба да се прави со добри намери.