Секако, игравме и ние игри како деца, но нашите игри беа со целото наше тело, не само со палците на прстите. Моравме да се мрднеме од своето место за да играме, да се забавуваме. Нашите деца денес едвај знаат да потрчаат. Тие не се качуваат по дрва.

Не прескокнуваат огради. Не играат ластик, ниту криенка, ништо. Нашите деца ги бројат лајковите на социјалните мрежи, се натпреваруваат кој ќе добие повеќе поени. Детството не е и не треба да биде само лајк. Детство е кога ќе станеш наутро и нема да знаеш што попрво да направиш.

Дали да играш криенка или да ја грабнеш топката и да излезеш надвор? Дали да возиш велосипед или да трчаш? Дали да се лулаш на лулашката или да одиш кај баба и дедо? Детството е свеж леб, јаболки кои мирисат. Лежење на трева. Качување по дрвја. Детство со кукли и шумски јагоди.Можеби модерните мајки ќе речат дека ова е старомодно, но времето пред интернетот и останатата технологија имаше големи предности за нас, за нашиот развој и за нашите спомени. Време кога во куќата имаше само еден телевизор, а не секој да има во својата соба.

Секако дека и ова денес има своја предност, но екранот на таблетот не може да го замени мирисот на книгата која едвај чекаш да ја прелистеш.