Дај да изградиме дом, наш, топол, љубовен… Откако те запознав, откако се заљубив силно, непоправливо многу и лудо, посакувам дом со тебе. Место кое нема да биде мое или твое, ќе биде наше.

Таму да си го наоѓам мирот, таму да ми биде убаво на душата. Сакам дом со кујна, која на зима ќе мириса на колачиња со цимет, на лето на пита со јагоди.

Сакам дом кој ќе мириса на љубов дење – ноќе. Ќе мириса на среќа и надеж. Дај да изградиме дом, наш, топол, љубовен… Наутро, да те будам со кафе, да готвиме ручек заедно, иако уморни од на работа, навечер да заспиваме во прегратка, стуткани еден до друг, сонувајќи за големи и убави нешта.

Дом во кој терасата секогаш ќе мириса на рози, спалната секогаш ќе мириса на страст и свежо испрана постелнина, детската соба ќе мириса на неизмерна радост… Дај да изградиме дом во кој секогаш срцата ќе ни се среќни. Секогаш да сме насмеани. Вљубени лудо како првиот ден.