Драг сопруг, немој да ти биди жал дека твојот брак е лош ако ти не си во состојба да направиш ништо за твојата сопруга, порачува мајката на блогерката Мишел Линди. Таа дава совети за мажите како да се однесуваат со жените од женска перспектива.

Ова е мал потсетник да проверите како ви е сопругата, емотивно, духовно и физички. Можи е исцрпена, но вам тоа не знае да ви го кажи. Можи да се чувствува осамено но да не е свесна за тоа. Жените имаат тенденција да апсорбираат стрес околу себеси, а ако не пазите таа брзо може да прегори. Вашата сопруга можи толку многу да направи без да слушнете да се жали од нешто. Но таа не може да го прави тоа засекогаш. Тогаш ќе треба повторно да ја придобијате. Немојте да се жалите на неа. Немојте да се борите со светот, затоа што светот не е секогаш добар. Бидете нејзина потпора.

Не допуштајте да се истроши додека се обидува да ве задоволи вас. Таква жена не можи да биди среќна, а кога стресот ќе ја пролија чашата, сите ќе осеќаат болка. Кога луѓето се под целосен притисок додека се обидуваат да им удоволат на сите, тогаш се најистоштени и најнесреќни. Кога луѓето се под стални притисок помалку се љубезни со останатите луѓе, немојте да се изненадите кога спрема вас нема да биди мила и нежна.Стара изрека добро се памети рането животно каса.

Многу едноставно Чувајте дар кој Бог ви го дал. Внимавајте таа да одмори доволно. Дајте и слободен простор да можи да диши и да мисли. Разговарајте со неа за се. Пробајте да направите заеднички план во кој сите ќе бидат активни и активностите ќе ги обавите побрзо од колку кога таа сама ќе ги обавува. Бидете нејзина инспирација. Иако вие не сте нејзин спасител, и не треба да го носите нејзиниот терет овде сте да ја заштитите неа. Таа има еден принц на бел коњ, а тоа сте вие.

Погледнете ја својата жена во очи. Прашајте ја како се чувствува, молете се за неа. Одете до неа, бидете нејзин пријател, затоа што можи можеби баш тоа и треба во моментот. Ако нејзиното лице изгледа нерасположено, можеби се преработила и и треба одмор, и треба некоја забава што и вас истото можи многу да ве расположи. Таа не е во овај свет само за да работи. И таа еднаш по рано била девојка.

Таа пораснала, но во нејзиното срце се истите надежи и соништа. Жал ми е ако тоа ви звучи оштро, но важно е да се погрижите за потребите на вашата жена, така и таа ќе се грижи повеќе за вас. Неверојатно е како тоа функционира. Молетесе и штитетесе едни со други.