Според истражувањата, повеќе од 90% од малите бебиња веќе се присутни на интернет, па токму затоа можете на многу начини да најдете податоци за нив. Имајќи ги на ум овие информации, интересно е, но и важно, да знаете дали и вас некој ве пребарува, како го прави тоа и зошто. Погледнете ги наредниве 3 начини на кои можете да го откриете тоа.

Користeте Google Alerts Можеби ќе ви делува претерано, но воопшто не е лоша идејата да ја користите оваа можност при што секогаш ќе добиете известување доколку некој ве спомне на интернет. Логирајте се на Гугл и кликнете на овој линк. Внесете го вашето име и презиме во пределот за предупредувања и кликнете „Create Alert“. Покрај вашето име, од опциите одберете колку често и каде да ви пристигнуваат овие предупредувања. На овој начин, секогаш кога некој ќе ве спомне, вие ќе бидете информирани.

Пребарајте на Mention Оваа алатка функционира слично како претходната, но акцентот се става на социјалните мрежи. Секогаш кога вашето име ќе биде спомнато на некоја социјална мрежа, вие веднаш добивате известување за тоа. Постојат мобилни апликации за андроид, ајфон и виндоус, како и за Хром.

На располагање ви се 3 критериуми, како и избор на јазик. Откако ќе преминете на следниот чекор, изберете кои извори сакате да ги користите, како на пример, блогови, форуми, Фејсбук, Твитер… Филтрирајте ги оние извори кои не сакате да ги следите, а потоа создадете го предупредувањето и запомнете ги поставувањата. Доколку ги поврзете вашите профили, нотификациите многу побрзо ќе ви пристигнуваат.

Користете го LinkedIn Профилот на оваа мрежа е неверојатно корисен доколку сакате да пронајдете нова работа, без разлика дали сте хонорарец, експерт во своето поле или пак, едноставно сте во потрага по работа. Но, присуството на оваа мрежа ви овозможува и вие да бидете пронајдени. Со пријавата на LinkedIn имате можност да видите колку пати вашиот профил бил прегледан, но и кој го сторил тоа. Доколку некој го гледал вашиот профил, големи се шансите дека оваа посета била поврзана со работа.