Ова дете е прекрасно и толку слатко! Веднаш штом се роди, бебето Чанко стана неверојатно познато како бебето со најгуста и најубава коса на светот. Тоа беше во 2018 година, а популарноста дојде во форма на реклами за шампони, производи за коса итн.

Нејзината мајка набрзо решила да отвори посебна страница на Инстаграм за малата Чанко, каде секојдневно споделувала фотографии од нејзините слатки фризури.

Веќе во 2019 година, профилот имаше над 300 илјади следбеници! Чанко денес има 4 години, сè уште е популарна, а светот може да ги следи нејзините авантури не само на Инстаграм, туку и на Твитер и Јутјуб. Секако – таа сè уште ја краси нејзиниот заштитен знак – неверојатно бујната и долга коса.

Интересно е што девојчето уште како бебе заработувало големи суми снимајќи реклами за шампони, производи за коса и фен, а и денес прави бројни деловни ангажмани.