Жената излета и викаше да престане да ја коси тревата, но упорниот човек само одмавна со главата и продолжи. Со сите ужасни вести за кои постојано слушаме, убаво е да се види дека до нас дојде една убава приказна за љубов и добрина. Иако се случила во 2019 година сепак е прекрасно нешто што треба да се објавува почесто со цел да се има се повеќе вакви добри луѓе Одвреме-навреме се појавува некој како Џони Тејлор кој ни дава надеж во човештвото со некој прекрасен гест. Надевајќи се дека ќе може да заработи пари, Џони отишол од врата до врата и ги прашал своите соседи дали треба да ја искосат тревата.

Кога налетал на куќата на Хелен Бел, неговата понуда била пречекана со јасно „не“ бидејќи таа мајка во тоа време немала доволно пари за да си ги дозволи неговите услуги. Но, неколку часа подоцна, Хелен слушнала силен звук од својот двор и забележала дека Џони се вратил и и го коси тревникот. Таа излета и викаше да престане, но тврдоглавиот човек само одмавна со главата и продолжи.

Кога ја дознала причината, жената почнала да плаче
Кога ја дознал причината поради која решил бесплатно да и ја коси тревата, Хелен почнала да плаче. Како што подоцна рекол Џони: „Никогаш никој не кажал за тоа како црнец помогнал на бел сосед затоа што не заработува доволно пари“.

За жал, тој е сосема во право. Но, Хелен напиша прекрасна објава која допре до срцата на многумина: „ДО СИТЕ! Овој човек дојде во мојот двор пред неколку часа и ми понуди да ми ја искоси тревата за одредена сума пари. Денеска немав доволно пари за да си ги дозволам неговите услуги, па му реков да се врати за една недела.

Таа му рекла да престане бидејќи не може да му плати
Неколку минути подоцна слушнав силен звук. Ја отворив вратата и забележав дека почнал да ја коси тревата. Истрчав надвор и почнав да викам да престане… тој одмавна со главата. Ми кажа дека ги видел моите деца како си играат во дворот и се загрижил да не ги каснат змии бидејќи тревата била превисока. Повторно му реков да престане бидејќи не можев да му платам. Рече да не му плаќам бидејќи има внуци и се надева дека некој така ќе се грижи за нив еден ден.

Почнав да плачам. Разговаравме за различни тешкотии во животот и тој ми рече никогаш да не објавувам вакви работи во вестите. Ми кажа дека во вестите никогаш не пишува дека црнец му помогнал на бел сосед затоа што не заработува доволно пари. Му реков дека има добро срце. Му реков дека би било убаво да има повеќе луѓе на светот како него.

Повторно се прегрнавме. Многу сум среќна што го имам како нов пријател. Неговото име е Џони. Денес ми ја косеше тревата бесплатно затоа што се грижеше моите деца да си играат на високата трева. Се надевам дека ќе го добие признанието што го заслужува“.