Писателката и авторка на книги за деца, Еми Абрахамсон (41) од Шведска, раскажала необична љубовна приказна која и се случила. Таа се заљубила во бездомник алкохоличар кој го запознала на улица, а денес се во брак со две деца.

Еми била во Амстердам во 2006 година кога странец ѝ пришол додека седела на клупа и ја прашал колку е часот. Подоцна дознала дека се вика Вик Кокула. Иако човекот бил бездомник, очигледно неизмиен со денови и мирисал на алкохол,

Еми, вели тој, веднаш ги забележала неговите „прекрасни кафени очи“. Вик веднаш ја насмеа и меѓу нив се разви привлечност. По краток разговор договорија средба на истото место за една недела. Набрзо се вратила во Виена каде што живеела во тоа време и иако го оставила својот телефонски број на Вик, не мислела дека тој некогаш ќе и се јави.

По три недели добила повик и Вик и рекол дека дошол во Виена за повторно да ја види. Десет години подоцна, Еми и Вик гостуваа во шоуто This Morning, како брачен пар кој сега ги има шестгодишните близнаци Десто и Тилу.

Свадбата се одржа во замокот, а Вик уште еднаш го промени својот живот, оставајќи го алкохолот. Го продолжил своето образование и се стекнал со звање машински инженер, пишува The Independent.