Животно влегло во школото и направило хаос – Турнало се што излегло пред него (ВИДЕО)

Полицијата одговорила на многу необичен повик во американско основно училиште во Њу Хемпшир. Кога пристигнале, откриле дека „осомничениот“ се уште е таму и дека се работи за елен.

Инцидентот се случил во неделата, а еден од мештаните пријавил скршено стакло на влезната врата од училиштето, пренесува upi.com. На нивно изненадување, од училишниот хол ги набљудувал млад елен.

Полицијата со помош на пожарникари се обидела да го фати животното, но тоа удрило, скокнало од прозорецот, скршило друго стакло и побегнало.

Полицијата соопшти дека еленот зад себе оставил и еден рог, освен скршеното стакло

Leave a Reply

Your email address will not be published.