Не ја разбирам таа ваша љубов, синко” – рече дедо ми. “Ја градите на слаби темели – корист, его. Па, гледај ме мене и баба ти. Што може да ми земе? Кога ја запознав немав ништо, сега ги преместуваме своите старини и секој ден е подарок.

На вас младите ви е смешно, но ќе ме разберете. Вие сакате големи куќи, но тие ќе бидат празни како вашите души. Сакате да патувате, но немате дом каде да се вратите. Подароците ви се скапи, но љубовта сиромашна. Судите по гардеробата, а баба ти со скинати панталони ме зема, па ми ги закрпи.

А сега и од игли се плашите. Такви сте и во љубовта. Куќа без мајстор, не се гради. Вие секогаш гледате во минатото на луѓето. И што е тоа важно ако личноста до вас е вашата иднина. Еве ја мојата иднина е покрај шпоретот” – покажа накај баба ми и се насмевна!

И во гробот пак ќе ја сакам, затоа што покрај тие искинати панталони и срцето ми е зашиено, па можев само тоа да и го дадам, но и тоа е доволно за 60 години“. ❤