Кавгите со шефот на работа се голем проблем, а како што стануваме поискусни во нашите кариери, прилично добро учиме како да ги избегнеме. Сепак, исходот понекогаш знае да биде поинаков, а тоа го покажува и случајот со шанкерот. Тој имал многу неразумни барања од својот шеф, па решил да го објави бруталниот начин на кој си дал отказ.

Во објава на Reddit, сега поранешен шанкер, тој објави низа пораки кои ги разменил со својот работодавец, кој чекал до 3 часот по полноќ за да му каже на својот вработен дека треба да биде на смена на работа за само осум часа. Сопственикот на локалот го замолил вработениот да дојде тој ден во 11 часот на смената која ќе заврши во 22 часот.

Кога љубезно ќе одговори дека нема да ја прифати смената затоа што претходно побарал слободен ден, газдата станува поупорен. Разгневен на неразумното барање, шанкерот го прашува шефот зошто го моли да дојде на работа само осум часа пред смената. Објаснува и дека излегол и испил неколку чаши и дека не сака да доаѓа на работа мамурно, во ден кој требало да биде слободен.

Сепак, газдата инсистира да дојде на работа и да ја заврши целата смена. Мора да бидете подготвени за работа. Не е добро да пиете премногу ако не можете да бидете подготвени за промени. Некогаш работите едноставно се случуваат и мораме да се покриваме еден за друг – тврди неговиот шеф во пораките.

Тогаш тонот на разговорот ескалираше, а шанкерот ја доведе во прашање логиката на својот шеф во барањето вработените да не пијат во слободното време. Додава дека порано му кажале за проблемот со недостигот на вработени, можеби повеќе би бил склон да се откаже од слободниот ден.

Тој, исто така, го прашал својот менаџер зошто не може сам да ја заврши смената ако е толку очаен за персоналот. По бурната преписка, шефот одговара со предупредување дека мора да разговараат за ставот на шанкерот. Но, тогаш веќе беше јасно дека на вработениот му е доста и дека се откажал од разговорот, но и од работата.

На шефот му напишал дека лесно ќе најде работа на друго место и дека му е преку глава од неговото однесување. Сфаќајќи дека можеби згрешил што го отуѓил својот вработен, шефот го замолил да му се јави и инсистирал дека греши затоа што бил пијан, но шанкерот јасно кажал дека ќе остане на својата одлука.