На почетокот на новата година многумина носат некои одлуки. Некои се одлучуваат за вежбање. Дали е ова добра одлука? Зошто е важно да вежбате? Во нашето брзо општество, лесно може да се чувствуваме како да немаме време за вежбање.

Роковите на работа, домашните обврски, различните обврски можат да направат да се чувствуваме како да нема простор за вежбање. Можеме да станеме толку преокупирани со грижата за сè друго што изгледа невозможно да се грижиме за себе.

Од друга страна, спортските сали станаа како идолски храмови. Таму духот не се негува – таму телото се усовршува до степен да стане предмет на обожување. Сепак, вежбањето нуди планина од придобивки, од одржување на отчукувањата на срцето и силни мускули до зголемување на нивото на енергија. Во својата книга Refresh, Шон Мареј коментира за медицински студии кои го потврдуваат вежбањето дури и како средство за борба против депресијата : „Вежбањето три до пет пати неделно е исто толку ефикасно како и антидепресивите за блага до умерена депресија“.

Зошто е важно да вежбате?
Иако светот ни кажува дека вежбањето е првенствено алатка за нашата суета и за подобар физички изглед, ние ви пренесуваме причини зошто е важно да вежбате – тие не се поврзани со тоа што ќе изгледате најдобро во костим за капење.

Вежбајте за да го држите мозокот буден
Шон Мареј во својата книга Refresh пишува: „Истражувањето покажа дека пешачењето само неколку милји дневно го намалува ризикот од когнитивно опаѓање и деменција за 60 проценти и ја зголемува ефикасноста во решавањето проблеми“.

Вежбајте за борба против мрзеливоста
Исто како што активното проучување на Библијата ни помага да бидеме духовно здрави, така и вежбањето ни помага да ја избегнеме мрзеливоста и да бидеме поздрави.