Ако планирате да го продавате својот телефон, таблет или компјутер, треба да се погрижите во каква состојба му го предавате на новиот корисник. Важно е да го исчистите надворешно и внатрешно за да бидете сигурни дека никој нема пристап до вашите податоци.

За да спречите следниот корисник да ги гледа приватни фотографии од вашиот претходен смартфон или пак да има пристап до некои лични документи на компјутерот, важно е да го вратите уредот на првичните, фабрички прилагодувања. HowToGeek направи листа на неколку основни работи кои е потребно да се направат за да бидете сигурни дека со продажбата не давате пристап до приватноста.

1. Направете бекап на податоците Пред да се решите да го продавате уредот, направете бекап на податоците. Благодарение на услугите за префрлање на податоците во облак, овој дел е многу лесен за изведување.Во зависност од тоа дали продавате компјутер, таблет или паметен телефон, потребно е добро да проверите дали навистина сте ги извадиле сите потребни податоци од фотографиите до лозинките.Кај таблетите и смартфоните имате поголеми шанси за автоматско синхронизирање на уредите со некој од сервисите за чување податоци во облак или пак со десктоп компјутерите.

2. Укинете ја авторизацијата за уредот Ако купувате дигитални содржини од интернет, големи се шансите тие содржини да се „заклучени“ за користење само на вашиот уред. Тоа значи дека иако сте платиле за некоја содржина, нема да може да ја репродуцирате на друг уред.

Кај Apple уредите, било кое купување на iTunes бара авторизација со вашиот Apple ID, за да не му ги поклоните некому купените содржини, мора да ја отстраните таа авторизација. Apple дозволува да имате до 5 нивни уреди со еден Apple ID, па ако сакате да деавторизирате некои мора да отидете во опцијата Store и потоа да изберете Deauthorize This Computer.