Во знак на благодарност, семејството и донирало на Вики 2.000 долари, кои таа ќе ги искористи за да купи нов фрижидер. Вики Умоду од Калифорнија немала поим што ќе најде во една од перниците од троседот што го купила на интернет. Откако преку Интернет пронашла соодветен тросед за нејзиниот нов дом, изгледа дека била посреќна со она што го нашла во него.

Кога видов дека на страницата има дел за бесплатни работи, прво помислив дека е финта, но кога слушнав со сопствениците на телефон, сфатив дека семејството сака да донира софа, но и друг мебел од нивната спална соба“, рече таа. По смртта на нивната сакана, семејството решило да се ослободи од стариот мебел, но не знаеле што всушност се крие во него.

Таа забележа дека има нешто чудно во една од перниците. „Мислев дека тоа е подлога за топлина, но кога ја откопчав перницата, најдов неколку коверти со пари, главно во банкноти од 100 долари“, рече таа. Вики веднаш му се јавила на синот, а потоа почнала да вика од среќа и рекла дека ги нашла парите, 36.000 долари.
Таа сфатила дека мора веднаш да се јави кај семејството кое и го дало мебелот и да ги врати парите што ги нашла.

Господ беше дарежлив кон мене, ми даде здрави деца и три внуци, што повеќе да барам од него – рече таа. Во знак на благодарност, семејството и донирало на Вики 2.000 долари, со кои таа ќе купи нов фрижидер.

Семејството кое го донирало мебелот подоцна изјавило дека нашле повеќе пари во други парчиња, но многу помала сума и дека не им е јасно зошто нивниот братучед на тој начин ги чувал своите заштеди.