Според Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (НХТСА), потребни се просечно 4,6 секунди за возачот да провери порака на мобилен телефон. И тоа е точно колку долго колку што трае изненадувањето што Lexus им го приреди на возачите.

Lexus им зададе вистински шок. Имено, Lexus NX доби електрохроматско ветробранско стакло, а потоа, без никакво соопштение за време на возењето, реши целосно да го затемни стаклото и да го направи возачот практично слеп. И тоа точно 4,6 секунди за практично да почувствуваат колку време е потребно за да се посегне по телефонот. Ако возат со брзина од 88 км на час, тоа значи дека за тие пет секунди ќе поминат дури 113 м.

По ова видео дефинитивно ќе размислите кога следниот пат ќе посегнете по вашиот мобилен телефон за да ја прочитате пораката.