Трик во кој се колнат градинарите Ако сте пробале се, но вашиот тревник сè уште не е доволно убав, густ и зелен, испробајте го овој трик. Секоја пролет, посипете шеќер на тревата. Марија од Лозница тоа го прави секој мај и вели дека тревникот никогаш не изгледал подобро, а ефикасноста на шеќерот ја потврдиле и експертите, пишува Стил.

Велат дека белиот шеќер поволно делува на изгледот на тревата, бидејќи со неа се хранат бактериите и инсектите, па тревата останува неоштетена. Шеќерот ја зајакнува тревата и го спречува растот на плевелот, но нема да ги уништи микроорганизмите кои ја збогатуваат почвата.

Предноста на шеќерот во однос на хемиските производи е тоа што е евтин. Постапката е како што следува:

Само посипете чаша шеќер над тревата и тоа е тоа. Откако ќе го нанесете шеќерот, добро наводнете го тревникот. Повторете ја оваа постапка еднаш во пролет и еднаш во есен.