Мечката од зоолошката градина во Орегон ги освои симпатиите со нејзината реакција на капењето во огромна када.

Мечката е исто така една од четирите црни мечки во градината која е нејзин дом од 2010 година кога беше пронајдена како сирак во Монтана. Ако се суди по виралната снимка, Такода максимално ужива во неа.

Ова плишано мече тешко 180 килограми падна во голема када и весело мавташе со нозете. Патем, во потоплите денови мечките често бараат освежување во ладна вода.

Знае да ужива во малите нешта во животот.