Видеото можи да го погледнете ТУКА Понекогаш домашните миленици можат да предизвикаат хаос при играњето, но безусловната љубов речиси секогаш ги наведува сопствениците да им простат. На една снимка од Обединетите Арапски Емирати, можеме да видиме слатка мечка која, обидувајќи се да изеде вкусно јаболко, случајно ја кине вратата од светлопортокаловиот модел „Lamborghini Huracan Performante“ на својот сопственик.

Мечката изгледа како младенче, но сепак е доволно силна да ја тргне вратата, оштетувајќи скап италијански автомобил. Животното било целосно преплашено кога вратата паднала, но сопственикот само му се насмеал и го повикал да го нахрани со јаболка. Веројатно се прашувате кој здраво чува мечки како домашни миленици, но тоа не треба да ве чуди бидејќи ова е Арап Шеикот Хумајд Абдул Албукаис, инвеститор и колекционер на суперавтомобили од Дубаи, кој поседува неколку неконвенционални миленичиња како тигри, лавови, хиени и змии.

На неколку фотографии на профилот на Инстаграм се гледа како шеикот со своите животни седи покрај екстремно скапи возила како што се Ламборџини Урус, неколку автомобили Хуракан, Ролс Ројс Врајт и лимузина Нисан Патрол. Некои би биле крајно преплашени бидејќи мечката ја уништува бојата на автомобилот, телото и внатрешноста со неговите мали шепи убијци, но на шеикот, како вистински троглав Арап, изгледа воопшто не му е грижа.

Луѓето го критикуваа Хумајд што ги чува овие егзотични диви животни во заробеништво, но тој тврди дека навистина ги сака и дека биле третирани како членови на семејството во неговата приватна зоолошка градина контролирана од климата, лоцирана веднаш до палатата.

Арапите се познати како луѓе кои ги обожаваат животните и се грижат за нив како да се родени деца, па овие примероци секако се во подобри услови отколку кога би биле во дивината, каде на крајот би биле ловени и убиени. Како што дополнително нагласи шеикот, ниту едно од животните не е дрогирано и сите се со заби и канџи.