Често ни се случува од раскажувања на нашите родители или баби и дедовци да научиме нешто повеќе за животот и вистинските вредности. Денес ви донесуваме приказна за моќна лекција која еден татко пред својата смрт му ја дал на својот син…

Таткото му кажал на својот син пред неговата смрт: „Ова е часовник на дедо ти и тој е стар повеќе од 200 години. Но, пред да ти го дадам, оди кај часовничар во првото село и кажи му дека сакаш да го продадеш, па погледни која му е цената”.

Синот заминал, а потоа се вратил кај татко му и му рекол:„Часовничарот дава 5 долари затоа што овој часовник е стар”. Татко му му рекол: „Оди сега во продавницата за антиквитети!” Тој отишол, а потоа се вратил и му рекол на татко му: „Тие нудат 5.000 $”. Татко му му рекол: „Сега оди во музејот и таму понуди го часовникот за продажба”.

Синот отишол, а потоа се вратил кај татко му и му рекол: „Во музејот донесоа експерт кој ја процени вредноста на овој часовник. Ми понудија 1.000.000 долари за него”. Тогаш таткото му рекол: СИНЕ МОЈ,
САКАВ ДА ТЕ НАУЧАМ ДЕКА САМО ВИСТИНСКОТО МЕСТО И ВИСТИНСКИТЕ ЛУЃЕ МОЖАТ АВТЕНТИЧНО ДА ЈА ВРЕДНУВААТ ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ.

ЗАТОА, НЕ СЕ ПОСТАВУВАЈ СЕБЕ НА ПОГРЕШНО МЕСТО ОТИ ТОГАШ ЌЕ БИДЕШ РАЗОЧАРАН АКО НЕ ТЕ ЦЕНАТ И ВИСТИНСКИ ВРЕДНУВААТ, БИДЕЈЌИ, ОНОЈ КОЈ ЈА ЗНАЕ ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ, ТОЈ ЌЕ ТЕ ПОЧИТУВА. И … НЕ ОСТАНУВАЈ ВО МЕСТО КОЕ НЕ ТИ ДОЛИКУВА НА ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ!”