Музејот објави фотографија од училишно биро со врежани имиња, а потоа се појави „авторот“ и ја откри убавата приказна што ја криеше

Зад обична училишна маса се крие убава љубовна приказна. Еден музеј во САД, објави фотографија од училишно биро со врежани две имиња – Бени и Линда. На Редит пишува дека клупата датира од 1965 година, но со себе носи прекрасна приказна.

Откако фотографијата се прошири на социјалните мрежи, стигна до авторот на делото. „Да, го врежав во амфитеатарот во средно училиште. Јас и Линда сме сè уште заедно по 50 години брак и имаме три прекрасни ќерки.

Им кажував на моите пријатели во четврто одделение дека ќе се оженам за неа, и еве сега газиме 51 година брак. Најпаметната работа што сум ја направил во животот е да се оженам за таква убава и драга жена.

Ви благодарам што го споделивте ова “, напиша Бени чиј коментар стана популарен. Луѓето пишуваа дека би било одлично да им се даде училишно биро со врежани имиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published.