Тој може да се наведнува, извртува, ползи, оди, врти, дури и да скока Микроскопските роботи би можеле да се користат за многу корисни работи, на пример како медицински помагала. Експерти од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис го направија најмалиот робот на светот, кој наликува на рак.

Тоа е најмалиот робот од сите што може да се движи, а е голем само половина милиметар. Тој е направен по модел на специјален рак, и стана уште една во низата мали, корисни машини. Целта на ваквите мали роботи е да добијат функционалност дури и таму каде што пристапот е невозможен – бидејќи малите уреди можат да навлезат дури и таму каде што досега тоа беше невозможно.

Овој робот кој личи на рак се контролира од далечина и може да се свиткува, да се врти, да ползи, да оди, да се врти, па дури и да скока. Малите роботи често се прават во ликот на модели од природата, па повеќето личат на гасеници, штурци и други инсекти.

Најчесто се мерат околу еден милиметар, па новиот рак ги престигнал бидејќи е половина помал.