Полесно е да си најдете работа, кога веќе имате таква. Работодавците сакаат да вработуваат луѓе кои се сметаат за зафатени. Малку работодавци гледаат со добро око на луѓето кои долго време се невработени. Многу луѓе, особено оние “гордите“, сметаат дека нема смисла да прифаќаат ниско платена работа. Дури и да сте добро квалификуван специјалист, ако не можете да си најдете работа по специјалност, подобро е сепак нешто да работите.

Многу разумно е да започнете на некоја должност, наместо да чекате со месеци да се отвори посакуваната слободна позиција во некоја компанија. Покрај тоа, пониска плата, не мора да значи дека вие назадувате во својата кариера и професионален развој. Прво таа работа нема да ви е за цел живот, туку ќе биде само привремена и второ, таа ќе ве држи во форма, за да не ги губите работните навики.
Еве и неколку причини зошто треба да прифатите пониско платена позиција:
1. Ќе акумулирате искуство Една од главните причини да прифатите ниско платена работа е дека таа ќе ви овозможи да стекнете корисно искуство во некоја сфера, која веројатно ви е туѓа. Работодавците обично преферираат да вработуваат луѓе на позиции кои малку се плаќаат кои немаат искуство, бидејќи тие се очајни да ја добијат работата. Дури и ако вашата следна работа е различна, сепак ова искуство ќе ви биде од некаква корист – барем ќе можете да го вклучите во вашето CV.

2. Ќе можете да си ги плаќате сметките Во случај ако немате родители или партнер кој ве издржува (и не добивате помош од државата додека сте невработени), ќе треба да работите за да си ги плаќате сметките. Дури и да започнете на место каде што не ве плаќаат многу добро, сепак работата ќе ви даде одредена независност и самодоверба. Подобро е ниска плата, отколку никаква!
3. Секогаш имате шанса за раст Дури и на работно место кое слабо се плаќа, ако човек се труди доволно и има среќа, неговите напори можат да бидат забележани од страна на неговиот шеф, и тој има шанса за зголемување на платата или за раст. Можно е вашиот работодавец да одлучи да ви понуди по некое време друга, подобро платена позиција, ако види дека сте способни. Постојат многу луѓе кои почнуваат од дното и се искачуваат до врвот на корпоративната скала.

4. Ќе се подготвите за следната работа Полесно е да си најдете работа, кога веќе имате таква. Работодавците сакаат да вработуваат луѓе кои се сметаат за зафатени. Малку работодавци гледаат со добро око на луѓето кои долго време се невработени.
5. Така ќе покажете дека сте вредни работници Ако прифатите работа која е под вашите квалификации, на работодавецот тоа ќе му изгледа како да сте подготвени да работите напорно и не се сметате за многу важни. Работодавците бараат луѓе кои имаат ентузијазам и енергија да си ја вршат работата, без разлика каква е таа. Нископлатената работа може и да не е идеална, но тоа е само почеток!

6. Ќе имате подобра самодоверба Дури да имате ниски примања, сепак тоа ќе бидат ваши пари. Луѓето кои не работат често се чувствуваат депресивни и потиснати. Денот може да ви се чини прилично долг, ако немате никаква занимација, ниту пак пари во вашиот џеб. Подобро прифатите ја работата, дури и да ви се чини неособено соодветна. Никогаш не се знае – можеби ќе бидете изненадени пријатно и предметната работа ќе ви се допадне или ќе ви отвори нови можности. Ако оваа работа може да ви помогне да ја добиете кариерата што ја сакате, значи таа дефинитивно не е губење на вашето време.