Девојка (17) од Ланкашир во Англија паднала на возачки испит без воопшто да има време да го запали автомобилот и да почне да вози. Причината за падот е неверојатна и многумина, со кои таа ја сподели оваа вест, останаа шокирани. Имено, кога испитувачот седнал во автомобилот, забележал парчиња од гума за бришење под неговите стапала и ја паднал девојката бидејќи „автомобилот бил валкан и неподготвен за возење“.

Најлошото нешто, вели нејзиниот татко Пол Тарнер, е тоа што автомобилот воопшто не е нејзин, туку на испитувачите кои оставиле траги од гумата бидејќи избришале нешто во нивниот записник пред нејзиниот испит.

Не е дека насекаде имало празни канти или ѓубре… Целата ситуација е луда. Се расправаа 10 минути, но тој не попушти. Таа падна на испит без воопшто да вози. Беше тажна и во солзи. Освен што возачкиот испит во Англија моментално е 64 фунти или околу 4.500 денари, Пол вели дека го чекале со месеци, што го отежнува самото полагањето бидејќи поминува многу време без возење.

„Мојата ќерка заштеди толку многу за ова, едноставно е неправедно“. Агенцијата за возење и безбедност (ДВСА ОК) за медиумите изјави:

„Издадени се упатства дека автомобилите што се користат при испитите за возење мора да се исчистат пред тестот за да се намали можноста за инфекција со коронавирус. Ова мора да се почитува“.