Пред почетокот на Консултативниот совет за национлна безбедност на Бугарија на кој главна тема ќе биде евроинтеграцијата на Скопје, непознат маж расфрла летоци во центарот на Софија, на кој пишува дека во Македонија нема Бугари, како што објави Бугарската национална телевизија (БНТ).

Според нив, мажот бил повикан од полиција за да биде идентификуван.

Претходно, претседателот на Бугарија, Румен Радев, за денеска во 14 часот го закажа состанок на Консултативниот совет за национална безбедност на тема „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Македонија и Албанија.