Кајла Купер од Калифорнија е студентка на факултетот за медицински сестри, а паралелно работи 2 работи, бара автомобил со кој би можела да се вози до работа.

Нејзе и здосади постојано да позајмува автомобил од семејството и пријателите. Дополнително, и било кажано дека ќе остане без една работа доколку не успее да најде автомобил пред крајот на месецот.

Откако решила да се обиде да си најде автомобил и откако разговарала со продавачот, и било јасно дека ниту еден автомобил не е во нејзиниот буџет. Таа беше разочарана и вознемирена бидејќи не знаеше што друго да прави.

Еден љубезен странец бил блиску до нив и ја слушнал како разговара со продавачот, па тој решил да и го подари својот автомобил.

Кога го добила повикот и слушнала дека странецот сака да и подари автомобил, таа била покрај себе. Не ѝ било јасно зошто некој би го направил тоа за неа, а Ден кој решил да и го подари својот автомобил вели дека на сите би им било полесно во животот доколку си помагаат.

Погледнете ја оваа приказна во приложеното видео.