За задоволство на вработените не се клучни ниту висината на платата, а ниту пак бенефитите кои тие ги добиваат

Платата и бенефитите се секако значајни, но тие не ја играат клучната улога за задоволството на вработените. Овие четири фактори се многу поважни:

Добро лидерство
Интегритетот, компетентноста, расудувањето и визијата се најважните особини кои вработените сакаат да ги видат кај своите надредени, односно кај луѓето кои треба да бидат нивни водачи.

Тоа значи дека претпоставениот мора да биде личност со интегритет – да застане зад своите зборови и да се држи до нив. Пред се, вработените бараат некој што биде пример за другите, а не некој што ќе остави сосема спротивен впечаток. Во овој случај, добар шеф е тој што знае да разликува што е важно од ирелевантното и има јасна визија за тоа што сака да постигне целосно вклучувајќи ги своите вработени во постигнувањето на целта.

Признавање на заслуги, а не привилегии
Многу е важно раководството да знае да го препознае успехот на тимот. Уште поважно е да дадат пофалба за добро завршена работа, но не приватно, туку пред сите. Запомнете дека многу е поважно луѓето да ја препознаат важноста и квалитетот на својата работа, отколку да добиваат висока плата или да бидат на висока позиција.

Тоа е така бидејќи материјалните потреби се задоволуваат со плата, но емоционалните потреби се задоволува само доколку знаете дека работите нешто што е значајно за вас и вашата заедница. Секој добар шеф обрнува внимание и го цени ова.

Транспарентна комуникација
Луѓето не можат да бидат среќни ако не знаат што прават и зошто го прават тоа. Еден добар шеф јасно им ја соопштува на вработените мисијата и визијата на самата компанија, и тоа директно преку своите постапки и инструкции, а ова е особено важно за white-collar позициите каде луѓето треба да добијат појасна слика за бизнисот. Успешниот лидер знае дека вработените треба да добиваат фидбек за својата работа, како и информации за промените и идните планови во компанијата. Во спротивно, моралот се падне.

Право на грешка
Ова е нешто што најуспешните технолошки компании во светот одамна го прифатија како редовна практика во своето работење. Нивните инженери, развивачи и други вработени не само што имаат право на грешка, туку се и мотивирани да ја направат истата бидејќи само така, без никаков страв и бариери, може да се дојде до ново откритие. Накратко, без грешка, вработениот е парализиран и нема мотив да размислува за нови иновативни решенија.