Натали Вардел од Австралија е горда мајка. Не е познато дали го пронашла еликсирот на вечната младост, но едно е сигурно – добрата генетика, квалитетната исхрана и тренинзите се составен дел од нејзиниот живот.

Фотографијата на Натали со ќерките предизвика големо внимание на социјалните мрежи бидејќи никој не беше сигурен која е мајката на сликата, а која ќерката.

Дами и господа, Натали Вардел, мајка на три ќерки, е другата русокоса од вашата лева страна. „Секако дека е комплимент, но често наидувам на коментар дека сакам да личам на моите деца. Тоа е само добра генетика“, изјави 50-годишната Натали за австралиската ABC News.

Ќерките Јасмин (24), Тамика (22) и Медисон (20) се горди на својата мајка затоа што е физички активна и затоа што се грижи за себе.

Инаку, Натали е 27 години во брак со Брендин, со кој има три ќерки, а минатата година стана баба. “Тој е мое момче и најдобар пријател веќе 27 години. Колку повеќе сме заедно, толку повеќе се сакаме и повеќе го цениме она што го имаме. Вистинска љубов е кога ќе ја најдеш својата сродна душа”, рекла Натали.

Интернет заедницата целосно полуде кога фотографијата стана вирална бидејќи се уште не можат да поверуваат дека една од русокосите е 20 години постара од другите.