На девојки помеѓу 15 и 16 години, мајките им ги расекуваат усните и им ги вадат двата предни заби од долната вилица, за да можат да стават мала чинија, најчесто глинени или дрвени, ова е обичај во племето Мурси кое живее во Етиопија.

Долниот дел по течението на реката Омо во Етиопија, населено е од неколку племиња. Едното од нив е племето Мурси кое живее во близина на границата со Судан.

Традиционалната носија на ова племе е исклучително богата и разновидна, а посебно познати се жените од ова племе кои носат чинија во уста.

Од каде потекнува овој обичај? Не се знае точната причина, но се верува дека овој обичај е од времето кога Африка била лов на робови, со цел младите девојки да не им бидат атрактивни на купците и се претпоставува дека жените намерно се уништувале за да го избегнат ропството.

Покрај оваа постојат уште две теории. Едната вели дека Мурси веруваат дека лошите духови влегуваат во уста, па со помош на чиниите се бранат од нив. Другата теорија вели дека од големината на чинијата зависи и миразот. Што е поголема чинијата, тоа е поголем миразот.

Вметнување на чинијата Започнуваат со мали чинии, а големината се менува по одредено време ако се способни да трпат болка за време на ширење на устата.

На жените им е напорно да ги носат чинии во устата па го ставаат само кога има племенско славење.